дома Свет 50 ГОДИНИ ОД ЛЕГЕНДАРНАТА ФОТОГРАФИЈА: Обожавателите на Битлси се собраа на на...

50 ГОДИНИ ОД ЛЕГЕНДАРНАТА ФОТОГРАФИЈА: Обожавателите на Битлси се собраа на на познатиот пешачки премин

По точно 50 години откако „Битлси“ се фотографираа на пешачкиот премин на Abbey Road, илјадници ентузијасти се собраа за да ја одбележат годишнината, објави Индепендент.

На обвивката на албумот за „Abbey Road“ се гледа како Џон Ленон во бела кошула ги предводи членовите на бендот, преминувајќи го пешачкиот премин, зад него е Ринго Стар, облечен во црн костум, а Пол Мекартни босоног, надвор од чекор ги следи со цигара во рака. Џорџ Харисон е најназад, облечен во син тексас, додека во позадина е паркирана Фолксваген буба.

По повод педесетгодишниот јубилеј десетици обожаватели парадираа на пешачкиот, додека истовремено се фотографираа.