дома Македонија 500.000 ЕВРА ЗА ВАРДАР и 16.000 ЕВРА ЗА БЕСИР АЛИЛИ: Владата донесе...

500.000 ЕВРА ЗА ВАРДАР и 16.000 ЕВРА ЗА БЕСИР АЛИЛИ: Владата донесе одлука да ги награди Вардар и Бесир Алили за шампионските титули

Владата вчера донесе одлука да му додели 30 милиони денари на Ракометниот клуб Вардар за освоената титула Европски шампион во ракомет.

Исто така, Владата донесе одлука да му додели 1 милион денари на Бесир Алили за европската шампионска титула во борење во категоријата кадети и 300 илјади денари на неговиот тренер.