Лидерот на Левица, Димитар Апасиев денеска оствари координативна средба со членовите на локалниот огранок и со кандидатите за советници за Куманово. Левица на овие локални избори очекува добар резултат во Куманово. Програмата на Левица опфаќа повеќе мерки за општините, кои се темелат на законските надлежности на општините.

– Се надевам на добар скор на изборите и мислам дека за првпат Левица ќе им ги помати сметките на двете големи партии во советот во Куманово, рече Апасиев.

Тој кажа дека за разлика од досегашните советници изминативе 30 години, Левица нуди некомпромитирани, образовани млади кадри познати по непоткупливост.

Апасиев изјави дека согласно Законот за локална самоуправа, програмата на Левица е поделена на десет поглавја кои опфаќаат сè што е во надлежност на општината, 15 ударни мерки, меѓу нив е-општина, проект за дигитализација на услугите за да нема редици на шалтер, борба, како што кажа со урбана мафија, ревизија на ГУП-ови и ДУП-ови, за кои нагласи Апасиев се пиони на големите инвеститори, ширење на велосипедски патеки, заштита од бучава од кафетерии, верски објекти, проект за меѓугенерациска солидарност, враќање на заборавените пензионерски домови во градовите.