534 пoлициcки cлyжбeници aнгaжиpaни вo пocлeднoтo дeнoнoќиe зa пoжapитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 23.08.2021 до 07.00 часот денеска (24.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 534 полициски службеници, реализирани 204 мото-патроли и користени 162 моторни возила.

На терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар.

Неопходна е континуирана будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This