April 19, 2024, 10:57 pm

(Фото) Eкcплoзиja на Косово – се пpeтпоставува дека станува збор за тepopистички нaпaд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Косово утрово околу 6 часот пред кафеана во центарот на Фуше (Косовоски поле) експлодирала рачна бомба, но нема повредени.

Како што се наведува, направена е голема материјална штета, а инцидентот ги вознемири граѓаните, јавува Клан Косова.

Полицијата е на местото на експлозијата и истрагата е во тек, јави Танјуг.

„Некои странски амбасади во Косово им испратија известувања преку електронска пошта на вработените од својот внатрешен персонал да ги одбегнуваат метежите и големите трговски центри, бидејќи постои опасност од терористички напад кон крајот од овој месец ноември.“ – објави косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“ во саботата.

„Бота сот“ пишува: „Во една ваква емаил – порака, која информативната агенција Асошиетед прес имала можност да ја види, се наведува дека станува збор за ‘еден напаѓач’. Можното време за евентуалниот напад е одредено за крајот на овој месец, поточно за 30.ноември 2021 година. Во оваа емаил – порака стои дека локалната полиција го следи и го набљудува осомничениот.“

„Заради сопствената безбедност, на сите членови на персоналот на странските амбасади им се советува да не ги посетуваат подрачјата на големите трговски центри. Извори од полицијата потврдија дека од нив било побарано да ги зголемат силите околу овие големи трговски центри, каде што, евентуално, е планиран напад, но не е обезбедена организирана оперативна операција. Повеќето полицајци во моментов вршат надгледување, за да се обезбеди периметарот околу овие центри. Наводно, нападот е категоризиран како ‘можен терористички напад’. Сепак, официјално од косовската полиција ништо не потврдуваат ништо.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This