дома Македонија Градоначалникот на Гази Баба избран за претседател на Скопски плански регион

Градоначалникот на Гази Баба избран за претседател на Скопски плански регион

Денес 01.12.2021 година во просториите на општина Гази Баба се оддржа конститутивна седница на Советот на Скопски плански регион, како и конститутивна седница на Советот за социјална заштита на Скопски плански регион.

На конститутивната седница на Советот на Скопски плански регион се верификуваа мандатите на ново-избраните градоначалници, додека за претседател на Советот на Скопски плански регион, едногласно беше избран градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Новиот претседател на Скопски плански регион Бобан Стефковски, се заблагодари за едногласната одлука за неговиот избор за претседател и посака успешна соработка во неговиот мандат со сите колеги градоначалници.

По завршување на седницата на Советот на Скопски плански регион, се оддржа конститутивна седница на Советот за социјална заштита на Скопски плански регион. За претседател на Советот за социјална заштита, едногласно беше избран Александар Георгиевски, градоначалник на општина Илинден, кој исто така се заблагодари на колегите за изборот.