дома Локално Комисија на Влада донесе одлука да не се уриваат вилите на Радика

Комисија на Влада донесе одлука да не се уриваат вилите на Радика

Второстепената комисија на Владата за инспекциски надзор го поништи решението за уривање на девет вили на комплексот во Леуново Радика, кое го донел општинскиот инспектор и ја уважила жалбата поднесена од инвеститорот, Радика Ресорт. Комисијата утврдила повреда на постапката на овластениот градежен инспектор на Општина Маврово Ростуше, кој пред неколку месеци му наложи на инвеститорот сам да отстрани девет типски луксузни вили на Радика Ресорт, пишува Слободен печат.

Вилите, кои се дел од поголем комплекс од дури 87 типски објекти што се градат на земјиште што Општината Маврово Ростуше му го има продадено на сопственикот на хотелот Радика Ресорт во мавровското село Леуново, се во фаза на изградба, а инвеститорот немал прибавено одобрение за градба. Сепак, Второстепената комисија оценила дека општинскиот градежен инспектор нецелосно ја утврдил фактичка состојба и му го врати на повторно одлучување.

Прочитајте повеќе на Слободен печат.