дома Македонија 6.000 лица на 64 години не сакале во пензија

6.000 лица на 64 години не сакале во пензија

Согласно законото решение, 6.000 лица на над 64 годишна возраст продолжиле да работат и не заминале во пензија.

Со новото пак, законско решение, се предвидува да се продолжи работниот век до 67 години, но само за лицата вработени во здравствениот и образовниот сектор и тоа ако нема недостиг на кадар, информираше Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Адиминистративците според неа треба да одат во пензија на 64 години, општеството нема потреба класичните административци да продолжат да работат.

Исто така, таа потенцираше и дека законот кој се уште не е изгласан предвидува одење во пензија на 64 години и 15 години стаж, а жените можат да одат во пензија и со 62 години, доколку за тоа изразат волја, согласно со Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Шахпаска вели дека опозицијата требала да има слух за овој закон и доколку тој бил усвоен пред Нова година, 4000 работници постари од 64 години ќе заминеле во пензија, а до крајот на 2021 дополнително ќе се пензионирале уште 2000 односно вкупно 6000 граѓани со наполнети 64 години.