дома Македонија 61 годишен маж со ocтaр прeдмет го нaпaднaл нeгoвиот рoднина во Битола

61 годишен маж со ocтaр прeдмет го нaпaднaл нeгoвиот рoднина во Битола

На 26.08.2021 во 19.25 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 61 годишниот маж од Битола затоа што претходно во семејниот двор физички и со остар предмет го нападнал неговиот роднина на 57 години од Битола. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.08.2021 во СВР Битола, жена од Битола пријавила дека во домот во Битола била физички малтретирана од нејзиниот сопруг на возстаст од 33 години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.08.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, било констатирано дека 31 возачи ја пречекориле дозволената брзина, од кои во населено место 11 и 20 надвор од населено место. Откриени се и 31 други прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.