дома Балкан 67 годишен маж возел со 3,71 промили алкохол во kрвта

67 годишен маж возел со 3,71 промили алкохол во kрвта

Патролата на сообраќајната полиција во Ариље, зад воланот затекнала 67 годишен возач кој со автомобилот управувал со 3,71 промил алкохол во крвта.

Полицајците и сами затекнати од оваа бројка која ја покажал мерачот, го одвеле возачот во станица, каде му е одредено задржување од 12 часа, поради трезнење, после кое ќе биде приведен на судијата за прекршоци во Пожега.

Изминативе години имало многу неславни рекордери, односно неодговорни возачи кои возеле под дејство на алкохол, загрозувајќи ги на тој начин и сопствените, но и животите на другите. Меѓу нив имало и еден возач на велосипед, кај кој во декември 2019 година биле измерени 5,5 промили алкохол.