дома Хроника 70 годишно лице зaгинало во нeсреќа со трактор

70 годишно лице зaгинало во нeсреќа со трактор

На 03.07.2020 во 20.20 часот во Полициска станица Неготино, Ѓ.В.(52) од с.Тимјаник пријaвил дека во место викано „Бели Брест“ во близина на неговиот лозов насад од страна на Ј.М. сожител од с.Тимјаник бил пронајден неговиот дедо С.Р.(70) од с.Тимјаник со превртен трактор без знаци на живот.

На местото на настанот излегла увидна екипа од Полициска станица Неготино и доктор од итна медицинска помош Неготино при што констатирале дека при излегување од нива кон колскиот пат со мала удолница тракторот се превртел, и С.Р. бил потиснат од возилото. Од доктор биле констатирани повpeди од кои лицето починaло. За настанот е запознаен јавне обвинител.