дома Свет 7,4 по Рихтер: Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

7,4 по Рихтер: Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд.

Според податоците на европската геолошка служба потресот е со јачина од 7,4 степени по Рихтер со епицентар на длабочина од 10 километри.

Потресот се случил нешто по полноќ по локално време. Епицентарот е на 99 километри од Кристчрч, кој пред неколку години беше разурнат во земјотрес. Тогаш погинаа најмалку 185 луѓе, а потресот беше со магнитута од 6,3 степени по Рихтер.

ББС објави дека засега нема податоци зa настрадани. Наскоро поопширна информација.