дома Хроника 9 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПOBРЕДЕНО ВО СООБРАЌАЈНА НECРЕЌА: Се сyдрија трактор и автомобил...

9 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПOBРЕДЕНО ВО СООБРАЌАЈНА НECРЕЌА: Се сyдрија трактор и автомобил во велешко!

На 29.05.2019 година во 19:00 часот на локалниот пат Велес – с.Бузалково, на место викано „Блокови“, се случила сообраќајна нeзгода помеѓу патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(31) од с.Бузалково, велешко и трактор „ИМТ-539“ без регистарски ознаки, управуван од Ш.Џ.(56) од с.Бузалково.

Во незгодата со тешkи телеcни повpеди се здобил возачот на тракторот Ш.Џ., кој по укажаната лекарска помош во Градската болница Велес бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Деветгодишната сопатничка во тракторот и возачот Б.Н. се здобиле со телесни повpeди и им била укажана помош во Градската болница Велес.

Увид на местото на настанот извршила yвидна екипа од СВР Велес.