дома Политика 90 АМАНДМАНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ: Опозицијата со амандмани ќе ја брани...

90 АМАНДМАНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ: Опозицијата со амандмани ќе ја брани државата од двојазичност, СДС, БЕСА и Алијанса ќе го дополнуваат

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 84 амандмани за Предлог-законот за употреба на јазиците. И тие, како и нивните колеги од владејачкото мнозинство, предлагаат дополнување на членот 1 од текстот со наведување на јазиците на сите етнички заедници односно копирање на уставната преамбула.

Исто така тие амандмански предлагаат намалување на казните предвидени во предлог-законот за институциите од 4.000-5.000 евра на 40-50 евра.

Пратеникот Илија Димовски денеска повторно побара бришење на европското знаменце од Предлог-законот за употреба на јазиците, како и итно одржување на јавна расправа за законот. Но, пратениците го одбија неговиот предлог.

Владејачката СДСМ поднесе 4, Движењето БЕСА 2, додека пак ДУИ не поднесе ниту еден амандман