дома Политика ГРУЕВСКИ ВЕЧЕРВА ВО ДНЕВНИКОТ НА СИТЕЛ: Прво интерјву по напуштање на лидерската...

ГРУЕВСКИ ВЕЧЕРВА ВО ДНЕВНИКОТ НА СИТЕЛ: Прво интерјву по напуштање на лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва во 19 часот ќе гостува во дневникот на Телевизија Сител.

Како што објави на својот фејсбук профил, тој ќе даде одговори во врска со нарачаните политички процеси и пресуди.

-Вечер во 19 часот во интервју за дневникот на ТВ Сител ќе ги дадам одговорите во врска со нарачаните политички процеси и пресуди, а секако ќе проговориме и околу актуелната состојба во државата, напиша Груевски на Фејсбук.