дома Свет 99% ОД БАЛИСТИЧКИТЕ РАКЕТИ СПРЕМНИ ЗА ВОЈНА: Руските ракетни капацитети спремни за...

99% ОД БАЛИСТИЧКИТЕ РАКЕТИ СПРЕМНИ ЗА ВОЈНА: Руските ракетни капацитети спремни за војна, и спречување на нуклеарен напад!

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека 99% од балистичките ракети на неговата земја се спремни за војна, а дури 96% од нив се во секој момент спремни за лансирање за спречување на нуклеарен напад.

Тој додаде дека Русија моментално го развива најдобриот ракетен систем кој ќе има способност да го заобиколи ешалонскиот противракетен одбранбен систем. Ова беше објавено ден откако американската војска го изведе својот прв и историски тест за пресретнување на интерконтинентални балистички ракети. Тука е и Северна Кореја која исто така се огласи дека е спремна за лансирање. Пјонгјанг исто така изјави дека нема светска сила која може да ја сопре Северна Кореја во тоа да постане нуклеарна и ракетна сила.