дома Свет Aгeнти нa ФБИ извpшилe пpeтpec вo кyќaтa и кaнцeлapиjaтa нa Pyди Џyлиjaни

Aгeнти нa ФБИ извpшилe пpeтpec вo кyќaтa и кaнцeлapиjaтa нa Pyди Џyлиjaни

Агентите на американското ФБИ извршиле претрес во куќата и канцеларијата на поранешниот градоначалник на Њујорк Руди Џулијани.

Џулијани, исто така беше и личен адвокат на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Би-Би-Си наведува дека потрагата е дел од истрагата за деловната активност на Џулијани со Украина. Истражувањата биле извршени во стан и канцеларија во Њујорк.

Американските медиуми јавуваат дека од просториите на Џулијани биле однесени неколку електронски уреди.

Меѓу другото, Џулијани е обвинет дека нема регистрација како странски агент. Според Законот за регистрација на странски агенти, лицата кои работат како претставници на странска земја треба да се регистрираат како такви.

Џулијани претходно ја нарече истрагата „чист политички прогон“.