дома Македонија Aдeми: Mнозинcтвото има koнзистентнocт и вo нaшитe cтaвoви и вo пoлитичкoто дeлyвaњe

Aдeми: Mнозинcтвото има koнзистентнocт и вo нaшитe cтaвoви и вo пoлитичкoто дeлyвaњe

Со вчерашното гласање на доверба на Владата се расчистија дилемите наметнати од опозицијата за нестабилно владејачко мозинство, изјави денеска заменик-координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми.

Вчера се потврди тоа што сме го истакнале во повеќе наврати во последните 3-4 месеци, пред целата јавност. Тоа значи дека имаме конзистентност и во нашите ставови и политичко делување, така што претседателот на Владата го искористи правото кое произлегува и од Уставот, но и од Деловникот за работа на Собранието, за да бара поддршка и доверба од пратениците и тоа се случи, рече Адеми.

ДУИ, како што кажа, силно верува дека со вчерашниот чин на гласање за доверба на Владата, можат да се расчистат сите дилеми кои беа истакнати од страна на опозицијата во последниве три-четири месеци дека нема мнозинство, дека мнозинството е на стаклени нозе, дека тие веќе обезбедиле мнозинство од 61 пратеник, дека тие ќе иницираат оставка за недоверба на Владата.

Вчера се потврди легитимноста и легитимитетот на оваа Влада, освен што таков легитимитет е добиен од граѓаните на 15 јули. Верувам дека нема да се повторат вакви ситуации, каде што лажно се претставува дека некој друг има мнозинство во Собранието и дека владејачкото мнозинство нема стабилност, рече Адеми.