дома Македонија AЗМАНОВ СЕ ПИШМАНИ:Бојан Јовановски не му барал „рекет“ му барал пари

AЗМАНОВ СЕ ПИШМАНИ:Бојан Јовановски не му барал „рекет“ му барал пари

Бизнисменот Зоран Азманов во интервју за емисијата „Македонски инсајдер“ кое не се снимило, за „1ТВ„ го промени својот став и се извини на телевизијата, бидејќи претходно тврдеше дека од него било барано рекет.

„Не знам дали е прав изразот рекет. Еве се извинувам ако сум погрешил. Се извинувам, можеби тоа не е рекет, меѓутоа дека работите се решаваат со пари имаме и гледаме пред целата јавност“, изјави бизнисменот Зоран Азманов.

Бизнисменот Азманов пред еден месец пред новинарите тврдеше дека од него Бојан Јовановски и 1ТВ бараат рекет од 50.000 евра или стан. Но, за тоа нема докази.

„Во петокот ми беа побарани пари за да немам никакви проблеми, 50.000 евра или стан.Бојан Јовановски во 1 часот и 51 миута, го имам телефонскиот повик.- вели бизнисменот.

На прашањето дали има снимка или доказ каде што Јовановски вели дајте ми 50.000 евра, Азманов рече дека никој не бара пари преку СМС порака.