дома Социјални Мрежи AКАДЕМИК БОЖИН ПАВЛОВ: Поради Заев, Бугарија се иживува со Македонија

AКАДЕМИК БОЖИН ПАВЛОВ: Поради Заев, Бугарија се иживува со Македонија

Академикот и писател, Божин Павловски на својот Фејсбук профил ги коментира на случувањата околу дебатата која ја започнаа бугарските политичари и премиерот Зоран Заев за карактерот на Илинденското востание и извинувањето на Заев до бугарските власти.

– Додека не го проплукаме мајчиното млеко затоа што сме создале македонска држава наспроти бугарската историографија, ќе бидеме уценувани со тие блокади за влез во НАТО и ЕУ. Дадовме шанса една исто така мала држава на Балканот да се изживува со нас заради нивните пусти Санстефански соништа, пишува Павловски.

Павловски беше остар критичар на владата на Груевски и го поддржуваше премиерот Заев во уривање на предходната влада. Неодамна Павловски објави колумна во која побара Заев да не дава шанса народот да одлучува за името на референдум.