дома Македонија Aџибaдeм Cиcтина pacполага со нajгoлeмата пpивaтна лабapaторија нa Бaлкaнoт

Aџибaдeм Cиcтина pacполага со нajгoлeмата пpивaтна лабapaторија нa Бaлкaнoт

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со најголемата приватна лабораторија на Балканот каде што PCR-тестовите за Ковид-19 се изведуваат по строго утврдени протоколи и правила. Тестирањата се прават единствено во специјалниот пункт за ковид-тестирање сместен во склоп на болницата по претходно закажан термин или без закажување, а примероците (брисеви) ги земаат само и исклучиво официјални медицински лица, вработени во болницата. Издадените резултати од PCR-тестовите се верифицирани со два печати, со основен (кружен) печат и факсимил печат. По барање на пациентите, печатениот резултат од PCR-тестот може да биде бесплатно преведен и на англиски јазик и исто така верифициран со два печати.

Резултатите од PCR-тестовите може да се преземаат од официјалната страница, со претходно добиен код издаден при наплата во самиот пункт за ковид-тетстирaње или директно на пултот во болницата. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нема претставништва за ковид-тестирање надвор од градот Скопје.

Цената на PCR-тестот за детекција на SARS-CoV-2 вирусот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ изнесува 2.700 денари. Резултатите се издаваат истиот ден во зависност од времето кога тестот е направен.

pcrfamilijarno

Болницата нуди и фамилијарен пакет – тестирање на над 3 члена од семејство по цена од 2.500 денари по лице и пакет групно тестирање за компании – над 3 три лица по цена од 2.500 денари по лице. Групните тестирања се нудат исклучиво на компании и институции со претходен официјален договор.

За граѓаните кои имаат потреба од брзи резултати Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди и ургентнен PCR-тест по цена од 12.000 денари, а резултатите се добиваат максимум за 2 часа. И овие тестирања се изведуваат само во специјалниот пункт на болницата, по строго утврдени правила и со претходно закажување.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ поседува најсофистицирана лабораториска опрема за обработка на PCR-тестовите. Истите се изработуваат според меѓународно признат стандард и ги исполнуваат највисоките критериуми за квалитет.