дома Актуелно Aвстриски лобист бара caнкции за Бугарија – прв чекор исфрлање од Фондот...

Aвстриски лобист бара caнкции за Бугарија – прв чекор исфрлање од Фондот за опopaвување на ЕУ

Австрискиот лобист за влез на Западен Балкан во ЕУ Гунтер Ферлингер бара Европската Унија да ја блокира можноста Бугарија да добие пари од новиот фонд за опоравување со кој земјите членки ќе ги намалуваат последиците од Ковид-19 кризата.

Австрискиот Паневропеец бара Европската народна партија да ги исфрли ГЕРБ и Борисов од своите редови и посилен притисок од Брисел кон Софија.

“Протерајте го Бојко Борисов од @EPP и суспендирајте ја Бугарија од Фондот за опоравок (Recovery Fund) а претседателот на ЕУ сериозно да разговара со претседателот на Бугарија. Има нешто што не е во ред со Бугарија”, пишува добриот познавач на регионот.