дома Хроника Aвтoмoбил излeтa нa aвтoпaтoт „Пpиjaтeлcтвo“: Heкoлкy лицa ce здoбиja co пoвpeди вo...

Aвтoмoбил излeтa нa aвтoпaтoт „Пpиjaтeлcтвo“: Heкoлкy лицa ce здoбиja co пoвpeди вo нecpeќaтa

Четири лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 17 часот на автопатот „Пријателство“, во близина на надвозникот во с.Ржаничино, скопско.

Автомобил „цитроен ксара пикасо“ со велешки регистарски ознаки, управуван од И.М.(46) од Велес, излетал од коловозот.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Љ.Б.(53) од Велес, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници Ј.К.(19) и А.Б.(22), двајцата од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.