Aгeнт зa нeдвижнocти oд Скопје cи зapaбoти kpивичнa пpиjaвa – eвe штo нaпpaвил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против О.С.(47) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама”.

Имено, во временскиот период јули-септември 2020, со намера да се стекне со  противправна имотна корист, О.С. сторил две кривични дела „измама”, при што како вработен агент за недвижности во приватна агенција од Скопје, ги довел во заблуда И.К. и С.А., двете од Скопје, на кои им зел капар за продажба на два стана во изградба, но земениот капар не го уплатил во агенцијата во која е вработен.

Извршувајќи ги овие дела О.С. се стекнал со противправна имотна корист од околу 110.000 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This