дома КОВИД-19 (Коронавирус) Aкo нe нocимe мacки, Bлaдaтa ќe ги згoлeми kaзнитe

Aкo нe нocимe мacки, Bлaдaтa ќe ги згoлeми kaзнитe

Владата размислува да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од Ковид-19 поради тоа што обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен а ќе има сѐ повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Во Владата разговараме во однос на зголемувањето на казните и ќе се цени дали има потреба од тоа или не. Важно е дека обемот на работа на полициските службеници е зголемен и правиме сѐ што треба да биде направено во овој момент за сите оние кои не ги почитуваат мерките, односно кои прво не се почитуваат самите себеси и не ги почитуваат своите семејства со тоа што не се заштитуваат и се изложуваат на ризик да бидат зафатени со инфекцијата. Ќе мора да сносат некаква одговорност. И тоа ќе се случува понатаму и во угостителски објекти и на собирања, итн., сѐ повеќе и повеќе, со цел да се влијае на оние кои не ги почитуваат мерките и со тоа директно ги загрозуваат животот и здравјето на граѓаните – изјави Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Полицискиот центар Ѓорче Петров.

Казните се наплаќаат и сега, но тоа ќе биде многу полесно откако ќе се направи усогласување на потребните закони со Законот за прекршоци, што се доставени во Собранието уште пред распуштањето поради изборите. МВР останува на тие законски решенија и Спасовски очекува наскоро да бидат ставени на дневен ред и Собранието да ги изгласа.