дома Македонија Aлбaнcкиoт шeф на диплoмaтиjaтa вo пoceтa нa Македонија

Aлбaнcкиoт шeф на диплoмaтиjaтa вo пoceтa нa Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе се сретне со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија Гент Цакај, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

Главни теми на средбата се очекува да бидат соработката меѓу Македонија и Албанија во остварувањето на заедничките стратешки цели за членство во Европската унија, состојбата со билатералните односи и можностите за понатамошната соработка и нивно унапредување, соработката во НАТО, состојбите со актуелната глобална здравствена криза и други прашања од заеднички интерес и значајни за нашиот регион – соопштија од МНР.

За време на официјалната посета, министерот Цакај ќе биде примен и од претседателот на Собранието, премиерот и од други високи претставници на државата.