дома КОВИД-19 (Коронавирус) Aлaрмaнтнo во САД – Најголем скок на бројот на нoвoзaрaзeни по два...

Aлaрмaнтнo во САД – Најголем скок на бројот на нoвoзaрaзeни по два месеци

Во САД во изминатите 24 часа се пријавени 34.500 случаи на коронавирус, што е за нешто помалку од рекордот забележан на 24 април кога беа регистрирани 36.400 случаи на заразени со Ковид-19, велат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Корона вирусот досега усмрти речиси 122.000 луѓе во САД, а Центрите за контрола и превенција на болеста изнесуваат мрачни предвидувања дека оваа бројка би можело да порасне за 30 илјади до средината на јули.