дома КОВИД-19 (Коронавирус) Aмбacaдa нa Русија пoнyдилa нeкoлкy пaти, Bлaдaтa игнopиpaлa: Македонскиот нapoд мoжeшe, a...

Aмбacaдa нa Русија пoнyдилa нeкoлкy пaти, Bлaдaтa игнopиpaлa: Македонскиот нapoд мoжeшe, a ocтaнa бeз рycкaтa вakцинa

Руската амбасада во Скопје известува дека во неколку наврати ја информирала македонската влада за можностите за испорaка на руската вакцина, но македонска страна не покажала интерес за Спутник V.

– Амбасадата на Руската Федерација во повеќе наврати ја известуваше Владата на Република Македонија за можности за соработка во испорака на руската вакцина. На 18 август, пред пет месеци, го информиравме министерот за здравство Венко Филипче, дека доколку е заинтересирана Владата на Македонија, Рускиот фонд за директни инвестиции, кој ги има ексклузивните права за производство и продажба на «Спутник V» во странски земји, може да започне разговори за сите прашања од интерес во однос на вакцината и нејзината набавка, велат од таму за Канал 77.

Исто така и на 25-ти септември било испратено писмо и до шефот на Националниот комитет за имунизација, професор Александра Грозданова, за подготвеност да се одржи состанок во формат на видео конференција за да се разгледат сите прашања околу вакцината, но Руската амбасада. информира дека до сега немаат добиено одговор на овој предлог.

Од таму соопштуваат дека македонските граѓани можат да добијат пристап до руската вакцина, ако Владата се одлучи за набавка на руската вакцина, а Рускиот фонд за директни инвестиции е подготвен да започне преговори, вклучително и за испорака на вакцината, која „секако ќе биде достапна по најконкуретната цена“.