дома Европа Aмaн..: Уштe eдeн вид нa кopoнaвиpyc oткpиeн вo Британија

Aмaн..: Уштe eдeн вид нa кopoнaвиpyc oткpиeн вo Британија

Британските научници идентификуваа уште еден нов вид на коронавирусот, изјави министерот за здравство на Велика Британија, Мет Ханкок.

Новиот вид бил регистриран кај две лица кои имале контакт со луѓе кои неодамна дошле од Јужна Африка, рече Ханкок.

Тој рече дека секој што бил во Јужна Африка во претходните две недели мора веднаш да оди во изолација, како и луѓето со кои бил во близок контакт.

Тој додаде дека собраните докази укажуваат дека новата варијанта на вирусот „дополнително мутирала“ во однос на оној другиот тип на коронавирус, поради кој британската влада ги заостри мерките во голем дел од Англија претходните денови и поради чие ширење многу земји го прекинаа сообраќајот со Велика Британија.

Велика Британија објави дека 744 лица починале од коронавирусот во изминатите 24 часа, што е најмногу за еден ден од 29 април.

Регистрирани се повеќе од 39.200 нови инфицирани, што е најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата.

Сепак, споредбите со првите недели од пандемијата не се соодветни, бидејќи во тоа време имаше значително помалку тестирања.

Многу од новите инфицирани се поврзани со нов вид на коронавирус, регистриран во Лондон и југоисточна Англија, кој се пренесува многу побрзо од претходниот.

Инфекција од коронавирусот е потврдена во Велика Британија кај повеќе од 2.1 милиони луѓе, од кои повеќе од 69.000 починале.

Само Италија има повеќе смртни случаи од Велика Британија во Европа, каде починаа повеќе од 70.300 луѓе, а во светот, САД, Бразил, Индија и Мексико.