Aмepикaнcки paзyзнaвачки cлyжби: Kopoнaтa нe e кинecко биoлoшко opyжje

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка служба на САД (ОДНИ) заклучи дека разузнавачката заедница на САД останува поделена околу потеклото на коронавирусот, но заклучува дека тоа не е биолошко оружје развиено од Кина.

Ова е наведено во документот од кој е отстранета тајната ознака и се додава дека корона вирусот „најверојатно се ширел и заразил луѓе преку првична изложеност од мали размери што не се случилe подоцна од ноември 2019 година и првиот кластер на случаите се појавија во Вухан во декември 2019 година“.

„Проценуваме дека вирусот не е развиен како биолошко оружје. Повеќето агенции веруваат, со резерва, дека Сарс-Ков-2 најверојатно не е производ на генетски инженеринг, меѓутоа, две агенции наведуваат дека нема доволно докази за да се заклучи. Кинеските власти не знаеја за вирусот пред да избие првиот кластер на случаи“, се вели во документот.

Различни американски разузнавачки агенции дошле до различни заклучоци во врска со неколку прашања за потеклото на коронавирусот, како на пример дали тој бил пренесен од животни на луѓе или дали неговото ширење е последица на лабораториски експеримент.

Четири агенции, со резерва, изјавија дека вирусот се проширил на луѓето преку природна изложеност и пренесување од заразено животно.

Една агенција, чие име не е наведено, со „умерени докази“ дошла до заклучок дека првата човечка инфекција со тој вирус била последица на инцидент во лабораторија, најверојатно во Институтот за вирологија во Вухан.

ОДНИ претходно објави збирна верзија на овој извештај и сега е објавена во целост.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This