Aмepикa пpвпaт вo иcтopиjaтa мoжe дa бaнкpoтира, aко нe ce зaдoлжи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Америка првпат во историјата може да банкротира, ако не се задолжи дополнително. Министерката за финансии Џенет Јелен тврди дека државата за три недели ќе остане без пари.

Јелен во вторникот рече дека владата на 18 октомври ќе остане без пари и дека нема да може да ги плати доспеаните обврски доколку Капитол не ѝ одобри на администрацијата дополнително да позајмува, пренесува Волстрит џурнал.

Ако Конгресот не го зголеми ограничувањето, Америка ќе банкротира за прв пат во својата историја. Довербата и кредибилитетот на Соединетите Држави ќе бидат поткопани и нашата земја веројатно ќе се соочи со финансиска криза и со економска рецесија“, рече министерката, предвидувајќи скок на каматните стапки.

Таа посочи и дека тоа ќе се почувствува во животот на обичните граѓани бидејќи кредитите за куќи, автомобили и покренување бизнис ќе поскапат, а платите за војниците ќе доцнат.

Владата на Џозеф Бајден одобри пакети помош за време на епидемијата на коронавирусот, пресметувајќи дека со повторно задолжување ќе може да издвои пари за граѓаните и економијата и да ги плати старите долгови. Републиканците велат дека администрацијата на Бајден е фискално неодговорна и дека Демократската партија мора да најде начин сама да го подигне прагот и да избегне банкрот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This