Aнкeта на Наpoднa Бaнкa: Екcпepтите очекуваат поголeмa инфлaциja и годинава, а и следните две години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експертите очекуваат зголемување на инфлацијата во земјава. Народната банка прави анкета на инфлациските очекувања и прашува експерти од областа, а според најновата, очекувањата за 2021 година упатуваат на просечна стапка од 2,8 отсто, наспроти 2,3 проценти во претходната анкета. 

Повисоки се и очекувањата за 2022 и 2023 година, односно испитаниците очекуваат дека стапката на инфлација ќе изнесува 2,5 отсто во 2022 година иако рекле дека ќе биде 2,1 процент во претходната анкета и 2,3 отсто во 2023 година за која во претходната анкета сметале дека ќе има инфлација од 2 проценти. 

„Слично како и во претходната анкета, испитаниците ги објаснуваат своите инфлациски очекувања пред сѐ со постепеното стабилизирање на состојбата предизвикана од пандемијата на ковид-19 којашто би довела до зголемена домашна побарувачка, како и повисоките цени на увезените добра, како што се цените на храната и енергијата. Исто така, испитаниците сметаат дека монетарните и фискалните мерки, и растот на платите би придонесле кон повисок раст на инфлацијата. Од друга страна, пролонгирањето на кризата и повторното воведување рестриктивни мерки за справување со вирусот, а со тоа и зголемување на неизвесноста и забавување на закрепнувањето на домашната економија, како и евентуално пониските увозни цени би можеле да доведат до пониска стапка на инфлација, велат од Народната банка.

Анкетата се спроведувала во периодот од 15 до 22 септември 2021 година

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This