Апелациониот суд Скопје ѝ ја потврди условната затворска казна на новинарката на ТВ „Сител“ Ивона Талеска.
Второстепениот суд ја преиначил само споредната, т.е. паричната казна за Талевска, во однос на валутата во која е изречена. Пресудата ја донесе судискиот совет со кој претседаваше судијката Софија Лаличиќ во февруари. Талеска, откако ја призна вината дека затајувала данок, беше осудена на две години условна затворска казна, според која во наредните 4 години не треба да направи ново кривично дело.