дома Македонија Aпелациja нe го пyшти Heфи од притвop

Aпелациja нe го пyшти Heфи од притвop

Нефи Усеини и неговиот брат остануваат во притвор. Битолска апелација ја прифати жалбата на обвинителство кое се жaлеше откако охридскиот суд ја прифати гаранцијата од 30 илјади евра на осомничените за да излезат од притвор.

Од битолска апелација за Телма велат дека го укинале првостепеното решение и го вратиле на повторно одлучување во основниот суд. Охрдискиот суд не дал јасни причини да ја оправда одлуката со која му го укинале притворот и ги пуштиле браќата со гаранција, објаснуваат за Телма од Битолска апелација.

8 дневниот притворот на Усеини им истекува во четврток и обвинителството може да бара продолжување на притворот само ако поднесе обвинение до тогаш. Ако не браќата излегуваат од притвор.

Охрискиот советник и неговиот брат се осомничени за нападот врз Охриѓанецот Спирко Топалоски и се води истрага за две кривични дела „насилство“ и „недозволено држење на оружје“. Сами се пријавија во охридснкиот затвор на 26 месецов откако претходно 6 дена беа недостапни.