AПOKAЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ОД ДЕБАР: Пазарот без пазарџии и купувачи, улиците празни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради прогласувањето кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, по зголемениот број заразени од коронаврус, дебарскиот пазар денеска остана празен.

Вообичаено во сабота, кога е пазарен ден во Дебар, пазарот вриеше од луѓе, зашто освен локални жители, тука да пазаруваат доаѓаа и жителите од Центар Жупа, од пограничните села во Албанија, како и жители од областа Голо Брдо.

Исто така, денеска изостанаа и понудувачите на разни производи кои доаѓаа од Тетово, Гостивар,Струга и Охрид.

Како во Дебар така и во Центар Жупа движењето е намалено на минимум, од своите домови излегуваат само оние кои имаат неодложна работа.

– Се плашиме, бројот на заразени се зголемува, ние сме мало место сите се познаваме. Го нема некогашното поздравување, секој се заштитува како што знае, вели Јованка Гиговска, која, како што вели претрчала само да набави лекови.


За разлика од претходните два дена кога вработените во маркетите и другите трговски дуќани не можеа да земат здив од големата побарвачка, главно на брашно, масло за јадење, тестенини, како и средства за хигена, денеска сликата е сосема поинаква.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This