Akциja на МВР во Кумановско: Hajдeни 28 мигpaнти во двe oддeлни aкции во Лојане и Ваксинце, пpивeдeни тpи лицa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

МВР денеска соопшти дека во раните утрински часови денеска во одделни акции во кумановските села Ваксинце и Лојане, биле најдени 28 мигранти од Бангладеш, Пакистан и Авганистан.

„Во раните утрински часови, од страна на регионалниот центар за гранични работи Север, и полициски службеници од Куманово, а по претходно издадена наредба од Основен суд Куманово, бил извршен претрес во две ккуќи во селата Лојане и Ваксинце поради основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

При извршениот претрес во Ваксинце, пронајдени се 10 мигранти од Бангладеш, две лица се приведени.

Во Лојане при претрес на дом на А.А. кој е надвор од земјата, биле најдени вкупно 18 лица мигранти, од кои 16 од Пакистан, 2 од Авганистан, од кои четири малолетни лица. Приведено е едно лице во врска со овој случај.

Приведени лица ќе бидат изведени пред Суд, а мигрантите ќе бидат префрлени во прифатниот центар Гевгелија.“, рече Сузана Праниќ Талевска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This