Група од 69 албански државјани ко се осомничени за обид за илегален влез на британска територија, уапсена е денеска кај брегот на Англија, соопшти тамошната полиција и додаде дека се уапсени и три члена на екипажот на бродот со кои се превезувале патниците.
Британската агенција за организиран криминал НЦА отвори истрага за шверц на мигранти.
Бродот, како што пишуваат медиумите, тргнал кон анлискиот брег од Белгија, а Албанците се уапсени за кршење на британскиот закон за миграција.
Од почетокот на оваа година, 6.200 мигранти се обиделе да стигнат до англискиот брег преку Ламанш.