дома КОВИД-19 (Коронавирус) Amaн вeќe..: Oткpиeн нoв двojнo myтиpaн вид нa кopoнaвиpycoт во Индија

Amaн вeќe..: Oткpиeн нoв двojнo myтиpaн вид нa кopoнaвиpycoт во Индија

Откриен нов вид на коронавирус во Индија, покрај останатите варијанти што претставуваат загриженост.

Индиското Министерство за здравство денеска соопшти дека е откриен нов вид коронавирус во земјата, покрај многуте други варијанти што се предмет на загриженост, а се откриени во странство, пренесуваат британските медиуми.

Министерството за здравство соопшти дека „иако алармантните видови и новата двојно мутирана варијанта се пронајдени во Индија, тие не се пронајдени во бројка доволна за да се утврди директна врска или да се објасни брзото зголемување на случаите во некои држави“.