October 1, 2022, 8:37 am

Avant Car Macedonia – електрична мобилност по светски стандарди за прв пат во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Под слоганот “Мобилност по Ваша мерка“ компанијата Avant Car Macedonia полека но сигурно воведува нови стандарди во полето на мобилноста, по примерот на развиените европски земји. Avant Car Macedonia е франшиза на Avant Car, компанија која се рангира како една од најдобрите и најиновативни меѓународно етаблирани брендови за мобилност по светски стандарди со потекло од Словенија.

Клучните услуги кои што ги нуди Avant Car Macedonia, се долгорочен и флексибилен наем на електрични и конвенционални модели на возила од најновата генерација, краткорочен наем и трансфери. Со широк спектар на услуги, Avant Car успешно ја следи мисијата и ефикасно ги надминува предизвиците на модерниот начин на живот и потребите од различни начини на мобилност.


Како европски пионер во областа на е-мобилноста, каде досега во регионот имаат поминато повеќе од 10 милиони електрични километри, Avant Car е првата компанија која кај нас активно ja имплеметира електричната мобилност. Своето искуство го пренесуваат низ едукација на бизнис заедницата за е-мобилност преку која ќе овозможат достапност на сите клучни информации за донесување одлука за развој на мобилноста во Вашата компанија. Преку оваа услуга се нуди мобилност без емисии и можност активно да придонесете во одржлив развој. Долгорочниот наем на електрични возила ви овозможува директни заштеди како дел од современите решенија за управување со Вашиот возен парк. Ефикасноста на долгорочниот наем на електричните возила се чувствува директно во буџетот на компаниите, затоа што трошоците за возила се значително повисоки во споредба со трошоците за енергија.

Деловното изнајмување на возила е целосно приспособено на Вашите потреби. Една вистинска алтернатива наместо купување, лизинг возила. Доколку имате потреба за возило на месец дена или подолг период, Авант кар има низа портфолио со решенија кои можат да ги задоволат Вашите потреби за мобилност. Секој деловен корисник има можност самостојно да си одбере модел на автомобил и опрема по своја желба. Главната цел на Avant Car Macedonia е да ви понуди совет во однос на нови деловни решенија за наем на возила и електрична мобилност. Комплетната outsourcing услуга подразбира грижа за Вашиот деловен возен парк, вклучувајќи: сервиси, промена на летни/зимски гуми и нивно складирање, технички преглед и регистрација, целосно осигурување, проценка и санирање во случај на штета, обезбедување заменско возило во случај на откажување, неограничени километри, редовно одржување на возилото за време на наемот и 24/7 часа деловна поддршка. Услугата долгорочен деловен наем вклучува секогаш достапен account manager и премиум поддршка за решавање на сите проблеми. Преку долгорочното изнајмување на возила нема минимален период на наем, нема непредвидени трошоци, нема капитален влог или учество, заштедувате на време и пари и добивате флексибилност за времетраење на наемот.

Во разновидната флота на возила на Avant Car Macedonia, гарантирано ќе го најдете автомобилот што најмногу одговара на вашите потреби. Возниот парк е составен од различни типови и брендови на возила со најнова година на производство, меѓу кои и целосно електрични модели, како што се BMW i3 и Renault Zoe.

За повеќе информации исконтактирајте го тимот на Avant Car Macedonia на avantcar@avantcar.mk или преку телефонскиот број +389 02 510 2466. Освен тоа сите компании кои имаат потреба од изнајмување на возила на долгорочен и краткорочен период може да добијат специјализирана понуда која е креирана според нивните потреби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This