дома Македонија Axмети дoби „кopпа“ од Kacами

Axмети дoби „кopпа“ од Kacами

Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, нема да учествува на состанокот на лидерите на албанските партии што го свика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дознава ИНА. Касами нема да биде на масата, иако сè уште нема официјална одлука од партиските тела.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера ги покани на заедничка маса лидерите на албанските партии, Билал Касами, Зијадин Села, Африм Гаши и Мендух Тачи. Состанокот е предвиден да се одржи на годишнината од Охридскиот договор, во четврток, на 13 август со почеток во 12 часот, во хотелот „Парк“ во Скопје.