дома Македонија Bлaдaтa зaкaжa ceдницa – eвe кoи тoчки ќe бидaт oпфaтeни

Bлaдaтa зaкaжa ceдницa – eвe кoи тoчки ќe бидaт oпфaтeни

Владата денеска со почеток во 12 часот, ќе ја одржи редовната 104-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, согласно дневниот ред, ќе биде разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, по скратена постапка, на предлог на Министерството за здравство.

Покрај другото, на предлог на Министерството за образование и наука, на дневен ред за разгледување е и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за просветна инспекција, како и повеќе информации и извештаи за планирани и реализирани проекти на одделните министерства.