дома Македонија Bлaдaтa дeнecкa ќe oдpжи peдoвнa ceдницa

Bлaдaтa дeнecкa ќe oдpжи peдoвнa ceдницa

Информација во врска со потребата од поднесување апликација за техничка помош за подготовка на проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Македонија и Република Србија, како и Информација за започнување постапка за доделување договор за воспоставување јавно-приватно партнерство за интегриран систем за управување, мониторирање, следење и контрола на акцизни добра се меѓу точките на дневен ред на 45-тата редовна седница на Владата.

Како што соопшти владината прес-служба, на предлог на Министерството за надворешни работи на дневен ред на оваа седница е Информацијата за подготовка на првата меѓународна конференција во рамките на Преспа-форумот за дијалог, во Охрид и Преспа од 15-ти до 17-ти јуни 2021 година.

– Министрите во Владата денеска ќе се произнесат и по Годишната програма за работа на Центарот за стручно образование и обука за 2021 година, со Годишен финансиски план, и ќе ја разгледаат Информацијата за степенот на реализација на користење на средствата за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2020 година, соопшти прес-службата на Владата.