дома Балкан Bлaдaтa нa Авдулах Хоти пaднa, Косово oди нa избopи

Bлaдaтa нa Авдулах Хоти пaднa, Косово oди нa избopи

Судот синоќа го прифати барањето на опозициското движење Самоопределување за прогласување за неважечки на еден од гласовите на пратениците за избор на владата на Хоти.

Според судската одлука, вонредни парламентарни избори треба да се одржат во рок од 40 дена од нивното прогласување од страна на претседателот на републиката, а во конкретната ситуација тоа треба да го стори вршителката на должноста на таа функција, Вјоса Османи.

Причина за спорење на легитимитетот на пратеникот од партиите на немнозинските етнички заедници, е тоа што пред да биде избран за член на законодавниот дом на Косово бил правосилно осуден на 15 месеци затвор заради кривично дело злоупотреба на службената должност.

Владата на Авдулах Хоти беше избрана на 3 јуни годинава, откако претходно беше изгласана недоверба на владата на Албин Курти, кој ја водеше земјата во претходните четири месеци.