дома Балкан Bо Грција peкopдeн бpoj на пoчинaти oд Koвид-19 во eднo дeнoнoќиe

Bо Грција peкopдeн бpoj на пoчинaти oд Koвид-19 во eднo дeнoнoќиe

Во изминатите 24 часа, во Грција починаа 34 лица од Ковид-19, што претставува рекорден број смртни случаи на дневно ниво, додека пак регистрирани се 2.556 нови случаи.

Од денешните нови случаи, повтоно најголемиот број се во областа Атика, поширокиот регион на Атина (637 новозаразени) и во Солун (560 нови случаи).

Зголемен е бројот и пациенти приклучени на апарати, 207, лица, односно 11 повеќе од вчера.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 54.809 случаи, а починаа вкупно 749 лица.

Грција од утрово е во целосен карантин што ќе трае до 30 ноември.