April 19, 2024, 11:09 pm

Bakцини – “Maлo cyтpa”: Заев и Филипче cи игpaaт pacипaн тeлeфoн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во ова време на пандемија додека многу земји ширум светот веќе започнаа со вакцинација, или веќе се во процес на вакцинација, нашата Влада се уште нема конкретно решение и одговор во однос на тоа која вакцина треба да се увезе. Премиерот Заев тврди едно, министерот за здравство Венко Филипче вели друго. И сега се запрашуваме зошто е толку неспособна оваа влада во однос на набавка на одредена вакцина? Дури и нашиот северен сосед Србија, пред извесно време ни пружи рака во овие времиња, каде ни беше понудена донација од 8.000 вакцини на Фајзер, но, за жал нашата Влада не успеа да го реализира тоа…Српската премиерка Ана Брнабиќ ни даде можност нашите медицински лица да се вакцинираат во соседна Србија, но и тоа го одбивте.. Па добро бе.. нели кога е ГАГА и солта е БЛАГА?? Толку ли сте неспособни, да не можете една донација да ја примите како што треба, па згора на тоа и вакцинацијата на македонските лекари да ја одбиете.. неверојатно!

– “Некое време пред крај на 2020 година, додека Заев зборуваше за вакцината “Спутник”, руското-економско атеше во земјава откри дека Македонија не одговорила на понудата за руската вакцина, иако била доставена до македонските здравствени власти. Додека Европа прави се за да дојде до имунизација , Македонија останува изолирана. Надлежните не знаат кога ќе стигнат вакцините и колку. Од Бугарија? Од Грција? или од другите механизми.. како донација, како помош или како купени со НАШИ ПАРИ!.”

Руската амбасада во Скопје известува дека во неколку наврати ја информирала македонската влада за можностите за испорaка на руската вакцина, но македонска страна не покажала интерес за Спутник V.

-Амбасадата на Руската Федерација во повеќе наврати ја известуваше Владата на Република Македонија за можности за соработка во испорака на руската вакцина. На 18-ти август, пред пет месеци, го информиравме министерот за здравство Венко Филипче, дека доколку е заинтересирана Владата на Република Македонија, Рускиот фонд за директни инвестиции, кој ги има ексклузивните права за производство и продажба на “Спутник V” во странски земји, може да започне разговори за сите прашања од интерес во однос на вакцината и нејзината набавка.

– И додека Филипче вели едно, Заев тврди друго..

“Земјава преговара со Кинеската амбасада во земјава за набавка на кинеските вакцини. Се чекаат детали во однос на цената и испораката. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема сомеж во квалитетот на овие вакцини, беа најавени од премиерот како една од опциите.”

„Имаме непријатно чувство затоа што целиот Западен Балкан каска, освен Србија која што нема аспирации за НАТО и нормално е повеќе отворена према Источниот свет Кина и Русија и ги прави своите договори. А, ние сме нова земја членка на НАТО генерално се држиме кон Западниот свет и вакцините кои што се од Западните здравствени и сите институции потврдени и слично“, нагласи Зоран Заев при своето интервју за „Трилинг“.

Пред само два дена, Венко Филипче изјави дека Македонија е заинтересирана за купување на кинеските вакцини “Синовак” и “Синофарм”, но, нашиот “голем” премиер потенцираше дека сме биле членка на НАТО и дека треба да се држиме до вакцини кои се потврдени од здравствените институции во западниот свет. Браво бе “царе”, па кога веќе сме земја членка на НАТО нели требаше до сега барем една испорака на вакцини да пристигне во нашата земја чисто колку за медицинскиот персонал и поранливите лица? Како е возможно една држава која е членка на НАТО и “на пат кон ЕУ” се уште да не може да дојде до вакцини.. Дали сето тоа се однесува на неспособноста на министерот за здравство и на нашиот премиер? Навистина е мистерија.

Пишува: Н.П-А.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This