дома КОВИД-19 (Коронавирус) Beлика Бpитаниja по двaпaти ќе ги тecтиpa cитe пaтници за влeз во...

Beлика Бpитаниja по двaпaти ќе ги тecтиpa cитe пaтници за влeз во земjaта

Велика Британија по двапати ќе ги тестира сите патници кои пристигнуваат во земјата, во обид да го контролира ширењето на новите варијанти на вирусот.

Тестирањата ќе се вршат двапати, за време на 10-дневната изолација, дознава „Телеграф“.

Владата претходно најави карантински мерки од 15 февруари за патниците кои пристигнуваат од територии кои се сметаат за жаришта на вирусот. Сепак, тестирањето сега ќе ги опфати патниците од сите земји, а не само оние кои доаѓаат од жариштата, пренесува Телеграф.

Весникот јавува дека министерот за здравство ќе ги објави тие планови следната недела.