дома Автомобилизам BMW ќе зaтвopи 6.000 работни места

BMW ќе зaтвopи 6.000 работни места

Германскиот производител на автомобили „Бе-ем-ве“ денес објави дека ќе затвори 6.000 работни места, како дел од прилагодувањето на намалената побарувачка, предизвикана од пандемија на коронавирусот.

Мерката се однесува на работниците кои се близу до пензија, додека помладите вработени можат да добијат финансиска поддршка за високо образование, со загарантирана работа по дипломирањето.

Тоа е помалку од пет проценти од вработените во „Бе-ем-ве“, која има 126.000 работници ширум светот.