BMW официјално го претстави електричното „гран купе“ i4, нов модел со кој германскиот производител им дава алтернатива на своите купувачи кои сакаат нови предизвици во средната класа.
Со просторот и комфорот кој го обезбедува во кабината, i4 може да привлече и дел од досегашните сопственици на 5 Series, велат од BMW.
Со дизајн кој го диференцира од класичната 3 Series, новиот i4 е вооружен со иновативна технологија, но ќе биде запаметен и како електричен модел кој прв добил изведба со печатот на M дивизијата на Баварците.
Се работи за изведбата i4 M50, која навестува импресивни перформанси со погонот задолжен да обезбеди 544 коњски сили и вртежен момент од 795 Nm.
Забрзувањето до стотка трае 3,9 секунди, а i40 M50 позајмува елементи како спортските седишта од своите конвенционални M роднини.
Ентериерот е дигитализиран со два големи екрани (12,3 и 14,9 инчи), но BMW не заборавил и целосниот спортски впечаток при комплетиањето на целиот дизајн во кабината.
Автономијата на помоќната изведба изнесува 510 километри, а батеријата ќе може да се полни и на брз полнач до 200 kW.
Покласичниот i4 ќе биде познат како изведба i4 eDrive40, што сепак подразбира солидни 340 коњски сили, електро-мотор поставен на задната оска, а спринтот до 100 км/ч трае 5,7 секунди.

