дома Свет (Boзнeмиpyвaчкo видeo) Heнopмaлнa paбoтa: Убиcтвo нa пoлицaeц вo Њу Мексико кoj зaпpeл...

(Boзнeмиpyвaчкo видeo) Heнopмaлнa paбoтa: Убиcтвo нa пoлицaeц вo Њу Мексико кoj зaпpeл вoзилo зa pyтинcкa пpoвepкa

Новобјавена снимка го покажува морничавиот момент кога полицаец во Њу Мексико е застрелан за време на рутинска проверка на автомобил.

Видео камерите поставени во полициското возило покажуваат како Даријан Џерот се доближува на „пикап“ на автопатот на 4-ти февруари и го испрашува возачот. Возачот бил запрен заради претерано затемнување на прозорците.

Разговорот течел мирно неколку минути, а возачот бил идентификуван како Омар Феликс Куево кој признал дека има оружје во возилото, пренесува „Њујорк пост“.

-Дали би ви пречело да го преземам заради сопствена безбедност, го прашал полицаецот возачот.

Тој потоа побарал од Куево да го следи до патролното возило за да го провери неговото име и тука работите тргнале во погрешен правец. Куево следно излегол од возилото со пушка во рака и пукал во полицаецот.

-Сра*е! – може да се слушне како вика полицаецот по што паднал на земја.

Куево (39) го оставил Џерот да лежи покрај патот и побегнал. Следела потера од полицијата по што тој бил убиен во престрелка.

Полицијата наведе дека Куево нема историја на насилство и дека бил на пат заради договор околу дрога кога Џерот го запрел.

-Дури и кога ситуацијата беше тешка, тој човек секогаш се смееше, рекол шефот на полицијата Роберт Торнтон за Џерот.