дома КОВИД-19 (Коронавирус) Boнредна состојба во неколку градови во Јапонија поради зaбрзaното ширење на kopoнавирусот

Boнредна состојба во неколку градови во Јапонија поради зaбрзaното ширење на kopoнавирусот

Бројот на луѓе во Јапонија кои се во сериозна здравствена состојба откако се заразени со коронавирусот достигна 1.131 и е најголем во земјата од почетокот на пандемијата, јави новинската агенција Кјодо.

Последниот ваков антирекорд беше поставен во средата – 1.114 сериозно болни пациенти. Оваа група вклучува луѓе кои имаат потреба од интензивна нега, како и интубирани пациенти со Ковид-19.

Вкупниот број на заразени лица во Јапонија досега надмина 622.000, а повеќе од 10.600 починаа.

Поради забрзаното ширење на коронавирусот во земјата, владата прогласи вонредна состојба во Токио, како и во западните префектури Осака, Кјото и Хјого од 25 април до 11 мај. Се очекува вонредната состојба да биде продолжена до 31 мај.